Втор пораз по ред на Милан во Серија А, овојпат на свој терен од Сасуоло, тимот кој го совлада и Јувентус оваа сезона.Ннатпреварот почна одлично за Милан, во 21. минута по асистенција на Тео Ернандез, Ромањоли постигна гол за водство од 1-0.

Но само три минути подоцна Скамака постигна супер гол од далечина за израмнување на 1-1. Веќе во 33. минута следуваше комплетен пресврт, по една мешаница Сасуоло поведе со 2-1, Кјаер последен ја допре топката, па погодокот беше запишан како автогол.

Во 66. минута Берарди ги постави конечните 3-1 за Сасуоло. Во 77. минута Ромањоли направи намерен фаул како слободен играч, па судијата немаше дилеми, му покажа директен црвен картон.

По овој пораз Милан има само еден бод повеќе од Интер кој е на третото место.