Милан одбил две понуди за нивниот напаѓач Рафаел Леао, и сака да му го продолжи договорот до 2026 година. Португалскиот фудбалер има договор до 2024, но подготвен е да потпише за нова соработка.

Леао оваа година играше 15 меча во Серија „А“ и постигна четири гола, забележа и две асистенции. Исто така постигна и еден гол во Лигата на шампионите.

Според „Калчомеркато“, едната понуда била од Англија, а другата од Германија, но Милан јасно ставил до знаење дека смета на него. „Росонерите“ се подготвени да му ја зголемат платата и да му понудат 4 милиони годишно. Тој дојде од Лил за 29,5 милиони евра во 2019 година.