Добрите резултати во изминатите неколку сезони ги пораснаа апетитите на навивачите на Милан.

Со победата кај Болоња, „росонерите“ се искачија на врвот на табелата во Серија А. Тимот се надева дека по пауза од една деценија конечно ќе се израдува на Скудеото.

„Тутоспорт“ пишува дека за исполнување на таа амбиција, тимот од „Сан Сиро“ ќе потпише звучно напаѓачко име. Се работи за Андреа Белоти од Торино, кој ќе биде слободен агент наредното лето.

Милан се надева дека ќе ја искористи неговата ситуација и ќе го потпише уште во јануари, за вториот дел од сезоната. Засега нема најави за продолжување на договорот меѓу италијанскиот голгетер и „биковите“.

28-годишникот долго време се поврзува со неколку европски великани, а италијанските медиуми пишуваат дека време е Белоти да ги покаже квалитетите во амбициозна средина.