Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје турнирот во Сараево го завршија со максимален ефект, победен е и Ловќен (100:81), за второ место на табелата по три турнири.

Најдобар кај македонскиот шампион беше Американецот Ваер со 19 поени, пред Мекиќ со 15 поени, осум скока и осум асистенции, додека третото место го делат Крстевски и Рикиќ со по 11 поени. Кај Ловќен, Хаџибеговиќ реализира 20 поени.

МЗТ Скопје со трите победи во Сараево е на второто место во АБА-2. Нашиот претставник има скор 6-1 и се наоѓа веднаш зад лидерот Борац Бања Лука кој има седум победи на седум натпревари.