МЗТ Скопје ја продолжи одличната серија на победи вечерва со 81:67 во македонскиот кошарарски шампионат со совлада Еуро Никел.

Актуелниот првак на Македонија ја доби првата четвртина со 21:15 и најави нова сигурна победа  и во оваа рунда.

Гостите беа нешто подобри во вториот период, единствен што го добија на мечот и на полувреме заминаа со негатива од пет поени, 37:32.

Бојан Крстевски со 17 поени беше најефикасен кај домашните, а веднаш зад него беа Рикиќ и Дејвис со по 14 поени.

Кај гостите Калахан беше прв стрелец со 14 поени, а Еуро Никел сега има биланс од 6-7 во битката за настап во плејофот.

МЗТ Скопје е на второто место со 11-3, зад лидерот Пелистер кој има совршен учинок од 13 победи и е без пораз.