Мејсон Гринвуд на своите пријатели им кажал дека „завршил“ со Манчестер јунајтед и дека не очекува да заигра за клубот од неговото детство иако беше ослободен од обвинувањата за силување и физички напад над својата девојка, тврди „Сан“.

Гринвуд беше уапсен во јануари 2022 година откако неговата девојка го пријави во полиција за обид за силување, физички напад и контролирачко однесување, но во февруари 2023 година обвинувањата против него беа повлечени, а тој повторно е со својата девојка, наводно во исчекување на нивното прво дете.

Според „Сан“, Гринвуд е исфрустриран од ситуацијата во Манчестер јунајтед, иако прифаќа дека тоа е само негеова вина. Официјално, Манчестер јунајтед го суспендираа младиот фудбалер кој има договор до 2025 година додека трае „внатрешната истрага“.

Прикажи повеќе