Мечот што го носел Наполеон Бонапарта кога го извршил државниот удар во 1799 година ќе биде понуден на продажба во текот на викендот со уште пет оружја што му припаѓале на францускиот император, објави американската аукциска куќа.

Вредноста на предметите, кои ќе бидат понудени на аукција од 3 до 5 декември од страна на компанијата Rock Island Auction со седиште во Илиноис, се проценува на 1,5 до 3,5 милиони долари.

Мечот, заедно со футролата, е „крунскиот скапоцен камен“ на колекцијата, објави аукциската куќа која ќе организира продажба во своите простории и преку Интернет.

Оружјето го изработил Николас-Ноел Буте, тогашниот директор на државната фабрика за оружје во Версај.

Се верува дека по неговото крунисување како император, Наполеон му го дал мечот на генералот Жан Андош Жуно, но сопругата на генералот подоцна била принудена да го продаде за да ги отплати долговите.

Го пронашол лондонскиот музеј.

Американскиот колекционер бил неговиот последен сопственик, но човекот починал неодамна, навела аукциската куќа.

Во мај, Франција ја прослави 200-годишнината од смртта на Наполеон.