Двете дози создаваат „ѕид“, а третата само го зајакнува, објаснува за Канал 5 Д-р Злате Мехмедовиќ, кој додава оти иако е рано, „идно сценарио“ за четврта доза сепак постои.

Во меѓувреме, соседна Грција им забрани влез на затворено на сите возрасни граѓани над 60 години кои немаат примено трета доза вакцина, а мерката важи и за туристите.

Кај нас, и понатаму на сила е мерката за задолжителни две дози вакцина за влез во трговски или кафеана, но според досегашните статистики таа значително не го зголеми интересот за имунизација. Последниот месец нововакцинирани се без малку 23.000 кои примиле прва доза, со што нивото на имунизираност на возрасното население во Македонија достигна околу 40 %. Од нив, 82.000 граѓани имаат примено трета доза.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.