Ракометниот клуб Металург доби суспензија за настап во европските конкуренции, на редовниот состанок на извршниот комитет на ЕХФ, во Будимпешта.

На состанокот тема биле обврските на клубовите и долговите кон играчите и тренерите, а Металург веќе неполна деценија се мачи со таа проблематика.

Некои  од субјектите ги бараа своите пари по институционален пат, токму преку ЕХФ, па извршниот комитет донел одлука да му биде забрането на шесткратниот македонски шампион да игра во европските конкуренции.