Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси ја одби понудата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, со најголемиот договор во историјата, вреден 400 милиони евра годишно. Според аргентинските медиуми, тој одлучил да остане во европскиот фудбал и најверојатно се враќа во Барселона.

Advertisements

Лионел Меси вчера доби неверојатна понуда. Ал-Хилал од Саудиска Арабија му понудил договор од 400 милиони евра по сезона за да потпише за клубот, но најдобриот светски фудбалер ја одбил оваа сума. Аргентинскиот „TyC Sports“ пренесува дека Меси им се заблагодарил на челниците на Ал-Хилал за понудата. Одбил 400 милиони евра затоа што има желба да остане во Европа.

Очигледно Лео планира да се врати во Барселона. Наводно веќе се започнати разговори на таа тема и се бара финансиска конструкција која би му овозможила на Меси да се врати на „Камп Ноу“. Доколку ја прифатеше понудата на Ал-Хилал, платата што би ја имал аргентинскиот волшебник е нешто невидено во светот на професионалниот спорт, каде секако има огромни договори.

Бројките се нереални. Многу зборува податокот дека 35-годишниот Аргентинец би заработувал 13 евра во секунда, 771 евро за минута, 46.000 евра на час, 1,1 милиони евра дневно и 33,33 милиони евра месечно. Меси во изминатите две сезони во ПСЖ имаше договор од 38 милиони евра.

Прикажи повеќе