Лионел Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ и нема да се врати во Барселона. Клубот од „Ноу Камп“ и покрај големите желби да го врати аргентинецот, нема пари за да го финансира овој проект.
Меси, според шпанските медиуми, одлуката околу својата иднина ќе ја донесе наредната недела. Во овој момент тој има две опции, кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија или во САД. Ал Хилал, на Аргентинецот му го нуди најбогатиот договор во историјата на спортот. Доколку ја прифати понудата, Меси за две години ќе инкасира 600 милиони евра.
Дејвид Бекам и Интер Мајами не можат да му понудат ваква плата, но му нудат некои други поволности, односно да заработи преку разни проекти во кој би бил инволвиран.