Лео Меси открива дека бил контактиран од неколку клубови по соопштението на Барселона за прекин на соработката, тој се решил за ПСЖ бидејќи бил привлечен од проектот и амбициите на „светците“, како и фантастичен тим кој аспирира за сите титули.

Минатото лето, Лео Меси ја напушти Барселона и се реши за авантура во ПСЖ. Во разговор за Франс Фудбал, Аргентинецот изјави дека планирал да стави крај на кариерата на Камп Ноу, но немал избор и морал да замине откако клубот го известил дека не е возможно да ја продолжат соработката

Тој исто така откри дека добил неколку понуди а на крајот се решил за ПСЖ бидејќи бил привлечен од проектот и амбициите на „светците“, како и фантастичен тим кој аспирира за сите титули.

„Откако Барселона издаде соопштение и пренесе дека нема да продолжам, морав да најдам нов клуб. За среќа ме контактираа неколку клубови, еден од нив беше ПСЖ. И покрај тоа што имав неколку понуди, за кратко време се договорив со ПСЖ. Преговорите не беа лесни, многу работи мораа да се решат за кратко време, практично преку ноќ. Очигледно е дека бев заведен од проектот, амбициите на клубот, играчите кои ги имаат на располагање, составот… Сите овие елемети помогнаа полесно да пронајдеме договор“ – вели Лео Меси.

„ПСЖ има фантастичен тим кој аспирира за сите титули, и тоа е мојата цел во следните неколку години“.

„Исто така, во Париз имав неколку пријатели и тоа беше еден клучен дел при носењето на одлуката. Се селев во нова земја, требаше да почнам од нула, па кога имате пријатели во соблекувалната, знаете дека ќе ви помогнат полесно и побрзо да се адаптираат. И не погешив, лесно се интегрирав во тимот бидејќи има многу играчи кои зборуваат шпански како Нејмар, Паредес и Ди Марија“.