Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја покажал својата „фасцинација“ од светските лидери кои имаат неконтролирана моќ, како што се рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
„Начинот на кој зборуваше за Путин, начинот на кој зборуваше за севернокорејскиот лидер, освен критичките забелешки што ги даде, секогаш постоеше еден вид фасцинација од чистата моќ на она што овие луѓе можат да го направат“, рече Меркел во интервјуто со Кристијан Аманпур на Си- Ен-Ен.
Поранешната германска канцеларка проговори за бурните односи со поранешниот претседател, за кого рече дека сака администрација без „оптоварувања“.
Текстот Меркел за Си-Ен-Ен: Трамп е фасциниран од неконтролираната моќ на Путин и Ким Џонг Ун е превземен од МАКФАКС.