Фоторепортерката Абрнора Мемети, во емисијата “200“ во Алсат рече дека првата фотографија е направена откако пристигнала  на железничката станица и таму има само жени и деца, пишува Алсат.

“Првата слика е направена само што стигнав на железничката станица и таму се гледаат само жени и деца кои се разделиле од мажите. бидејќи знаеме дека оттаму не можат да заминат мажи над 18 години. значи има жени, деца и стари. Дури видов двајца старци пациенти на психијатриска болница на кои им беше бомбардирана болницата и сега тамошните се принудени да ги сместат во Лвив а потоа бо некој друг град до границата со Романија, Рече Мемети. /Алсат.мк

Прикажи повеќе