Поранешната прва дама Меланија Трамп минатиот викенд гостуваше во утринското ТВ шоу Fox & Friends. Тоа беше едно од нејзините ретки појавувања во медиумите, особено откако ја напушти Белата куќа.

Во таа прилика проговори и за модниот магазин „Вог“ за кој ги немаше најубавите зборови.

Престижниот моден магазин, кој со децении е под цврсто раководство на уредничката Ана Винтур, Меланија ги обвини за пристрасност.

Повод за разговорот всушност била насловната страница на Вог, на која се појавила сегашната прва дама Џил Бајден во август минатата година. Иако г-ѓа Трамп нема ништо против Бајден на насловната страница, ја критикува пристрасноста на Вог кога е во прашање изборот на луѓе кои ќе ги објави на нејзината насловна страница, особено кога станува збор за политички ангажирани дами.

Да потсетиме, поранешната прва дама Мишел Обама дури три пати се појави на насловната страница на Вог, додека Хилари Клинтон успеа да се појави само на еден.

Меланија, пак, на насловната страница на модната Библија се појави само еднаш во нејзината долга кариера, во 2005 година, откако се омажи за Доналд Трамп. За време на престојот во Белата куќа не и ја понудиле насловната страница, а таа очигледно тоа не го примила баш најдобро.

„Без оглед на вашето деловно, политичко и модно искуство и секако вашата убавина, не бевте на насловната страница на Вог. Што мислите за овие двојни стандарди?“, ја праша водителот Пит Хегсет својата гостинка Меланија, а таа без многу размислување одговори: „Мислам дека американскиот народ тоа јасно го гледа“, рече таа, сугерирајќи дека модното списание е всушност пристрасно.

Покрај тоа, таа додаде дека не жали што не се сликала за Vogue за време на нејзиниот престој во Белата куќа.

„Тоа беше нивна одлука, а јас имам многу поважна работа и имав во Белата куќа, отколку да сликам за Вог“, вели Меланија.

Интересно, првите дами како Лоре Буш, Барбара Буш и Ненси Реган, исто така, никогаш не добија шанса да позираат за насловната страница на Вог.