Доаѓањето на Робин Госенс од Аталанта за лево крило беше поздравено како удар од највисоко ниво за Интер. Меѓутоа според шпанскиот ,,АС,, , се чини дека германецот не бил првиот избор на двоецот Џузепе Марота-Пјеро Аусилио. Името на врвот на листата на желби беше Анџелино, играчот на Лајпциг. Операцијата се дознава дека пропаднала поради цената која се проценила како превисока која ја барал германскиот клуб: 50 милиони евра.
Шпанецот го привлече вниманието со високите перформанси и импресивната статистика: 8 гола и 11 асистенции со бундеслигашот.
Сепак, Анџелино останува цел на летниот пазар, со надеж дека цената ќе опадне. Сепак, ќе има уште една пречка за миланезите. Всушност, според ,,ABC,, Реал Мадрид го посочил поранешниот играч на Сити како замена за бразилецот Марсело.