Рускиот тенисер и втор на АТП листата, Данил Медведев во полуфиналето на Австралија опен го совлада гркот, Стефанос Циципас и се пласираше во Финалето каде ќе се сретнат со Рафаел Надал.

Тој по натпреварот изјави дека е подготвен за дуелот против Надал, но и дека се надева дека мечот ќе го гледа и Новак Ѓоковиќ.

-Подготвен сум за натпреварот против Надал. Интересно е тоа што повторно ќе играм против тенисер кој сака да ја освои својата 21. гранд-слем титула. Претпоставувам дека Рафа го гледаше мојот меч со Новак на УС опен, па затоа се надевам дека и Ѓоковиќ сега ќе го гледа финалето, изјави Медведев.

Доколку Русинот успее да триумфира тој ќе го преземе првото место на АТП листата.