Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев ги опиша уредниците на британскиот весник Тајмс како „легитимни воени цели“. Испадот дојде откако весникот го нарече убиството на истакнатиот руски генерал Игор Кирилов „легитимен чин на самоодбрана“ од Украина, која ја презеде одговорноста за убиството.
Кирилов, шефот на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, загина заедно со неговиот помошник во експлозија во станбена област во Москва во вторникот наутро. Кирилов е највисокиот руски воен функционер кој е убиен далеку од првите линии на фронтот од почетокот на офанзивата на Кремљ пред речиси три години.
„Оние кои вршат злосторства против Русија, секогаш имаат соучесници. И тие сега се легитимни воени цели. Оваа категорија може да ги вклучи и мизерните чакали од Тајмс, кои кукавички се криеја зад нивниот уредник. Ова значи целото раководство на публикацијата “, напиша Медведев, кој беше претседател на Русија меѓу 2008 и 2012 година.
Тој додаде дека новинарите на Тајмс треба „да бидат внимателни“ бидејќи „сешто се случува во Лондон“.
Russia’s Medvedev’s gangster threat against Times journalists smacks of desperation.
Our newspapers represent the best of British values: freedom, democracy and independent thinking. I stand with @thetimes. pic.twitter.com/L6jscmESgn
— David Lammy (@DavidLammy) December 18, 2024
Набргу потоа се огласи и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами. Тој рече дека оваа „гангстерска закана за новинарите на Тајмс мириса на очај“.
„Нашиот весник го претставува најдоброто од британските вредности: слободата, демократијата и независното размислување“, напиша Лами, објавувајќи фотографија на која го чита Тајмс.
Текстот Медведев: Новинарите на Тајмс треба да бидат внимателни, сешто се случува во Лондон е превземен од МАКФАКС.