Косовската џудистка Мајлинда Кељменди и официјално  ги напушти сите спортски активности како џудист и ќе се посвети на работата како тренер на новите генерации, заедно со тренерот Дритон Кука. Мајлинда нејзиното заминување од натпреварите го најави на почетокот на оваа година, истакнувајќи дека нивоата на кои се натпреварува бара голема мотивација и дека не е лесно да се тренира и да се натпреварува, кога ги има освоено сите можни титули. Таа, исто така, нагласи дека се гледа себеси како тренер во џудо по завршувањето на нејзината богата кариера. Инаку, Мајлинда Кељменди во текот на кариерата на Косово му додели осум златни медали во различни натпревари, а врвот го достигна во 2013 година, кога беше прогласена за светска шампионка во Рио де Жанеиро.

Прикажи повеќе