На Светскиот ден на здравјето – 7 април, Здружението на приватни лекари најавија мирен протест пред Министерството за здравство од каде ќе ги изнесат нивните барања.

Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе одлука да на 7 април да има протести на здравствени работници пред Министерство за здравство во Скопје во 12 часот, е наведено на страницата на Здружението на приватни лекари.

Меѓу другото, тие бараат капитационен бод од 90 денари, промена на режимот на лекови и важење на препораките за хронична терапија, да се промени казнената политика, електронско здравство, како и да се променат буџетите за специјалисти и лаборатории.

Сето ова го бараме за нашите пациенти и за опстанок на примарното здравство. Само кај нас има неограничен број на услуги со ограничени финансиски средства. Огромен број на услуги не се платени. Триесет години добиваме исплата на нашиот труд со каснење од по неколку месеци! За прв пат имаме министер за здравство од примарно ниво и заменик министер кој ги разбира нашите проблеми. Владите се менуваат, но никако да не стават во план на нивниот буџет, потенцираа од Здружението.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.