Руското државно обвинителство поднесе барање за назначување на Мета – матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм – како „екстремистичка организација“ и забрана за нејзините активности во Русија, јавуваат руските медиуми.

Исто така, рече дека пристапот до Инстаграм треба да биде ограничен.

Тоа доаѓа откако Мета изјави за Би-Би-Си дека прави промени во својата политика за насилен говор, за да им дозволи на луѓето во одредени земји да изразуваат насилни чувства кон руските сили, но не и кон руските цивили.

Канцеларијата на Јавното обвинителство соопшти дека Мета е осомничен за „поттикнување омраза и непријателство со закани за насилство“.

Пристапот до Фејсбук и Твитер е ограничен или блокиран во Русија од минатата недела.