Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, понуди 41,4 милијарди долари за да го купи целиот Твитер, наведувајќи дека компанијата има огромен потенцијал што тој ќе го отклучи.

Маск понуди да ги купи сите акции на Твитер за 54,2 долари по акција или 41,4 милијарди долари, што е за 54 отсто повеќе од 28 јануари.

Вредноста на акцијата на Твитер веднаш скокна за 18 отсто, пишува „Независне новине“.

„Инвестирав во Твитер затоа што верувам во потенцијалот на платформата за создавање слобода на говор ширум светот. Верувам дека слободата на говорот е императив за функционална демократија“, напиша Маск во писмото до извршниот директор на Твитер, Брет Тејлор.

Претходно овој месец, Маск откри дека има 9,2 отсто од акциите во компанијата, што го прави најголемиот приватен акционер на Твитер. По објавата на Маск, цената на акцијата на Twitter порасна за 27 отсто.

Маск додаде дека доколку неговата понуда биде одбиена, ќе мора да размисли за неговата акционерска позиција.

Според Bloomberg, Маск може да си дозволи да го преземе целиот Твитер. Неговото моментално богатство се проценува на 260 милијарди долари, а пазарната вредност на Твитер на 37 милијарди долари. Според цената што Маск ја нуди за преостанатите акции, тој би платил нешто повеќе, 43 милијарди долари.