Неколку играчи на Манчестер Јунајтед се незадоволни од статусот во тимот и сакаат да го сменат клубот.

Марсијал одби да игра против Астон Вила. Така барем изјави тренерот Ралф Рагник. Французинот подоцна го демантираше тоа, но сигурно е дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Веќе некое време се бара клуб за 26-годишниот фудбалер, а во изненадувачки трансфер тој ќе заврши во Јувентус.

„Бјанконерите“ се во потрага по крилен напаѓач по повредата на Федерико Кизе, а се чини дека изборот падна на Марсијал.

Клубовите веќе се договорија играчот да биде на позајмица и дека Јувентус ќе му ја покрие платата.