ФК Шкупи на стадионот Чаир, во рамките на 21. коло од македонскиот фудбалски шампионат. ќе го пречека тимот на Тиквеш, Двете екипи се соочија во Купот на Македонија и Првата лига, а во двата меча Шкупи славеше со минимални 1:0.
Централниот дефанзивец Гаги Маргвелашвили пред овој предизвик истакна дека секој првенствен натпревар ќе биде како едно финале.
„Сите натпревари се важни, сите се финални. Новата година ја започнавме со победа и мора да продолжиме да победуваме до крај. Јас и сите други млади играчи брзо се адаптираме, тренираме и постојано се подготвуваме максимално.
Сакаме да станеме шампиони, да победиме на сите натпревари, иако сите тимови ќе се борат да не спречат, така што нема да ни биде лесно, но ќе работиме цело време за конечно да славиме“, рече Маргвелашвили пред натпревар со Тиквеш.
Натпреварот Шкупи – Тиквеш, ќе се игра в недела, во 14 часот и без присуство на публика.