Македонските ракометари го одиграа првиот од четирите планирани пријателски натпревари во подготовките за Европското првенство. Денеска беше совладан составот на Кувајт со 31-21.

Во првото полувреме беше рамноправно, на одморот се замина со водство од само еден гол за Македонија 14-13

Но, во вториот дел Македонија почна фуриозно, со серија од 8-0. Кувајт првиот гол во второто полувреме го постигна дури во 43. минута. На крајот македонската репрезентација славеше со 31-21.

Најефикасен беше Серафимов кој постигна седум голови, Талески постигна пет, по четири пати погодија Ојлески и Маџовски. Томовски имаше шест одбрани, Кизиќ пет.

Во среда овие две селекции го играат вториот пријателски натпревар, исто така во Маврово.