Германски ракометен гигант Магдебург го освои Супер Глоуб, клупското светско првенство откако вечерва ја победи Барселона со 33-28 која е актуелен европски ракометен првак.

Европскиот шампион водеше во две третини од првиот дел, кога последен пат дојде до два предност 13-11 и тука застана, па Магдебург направи серија од 5-0 за плус три (16-13) и оттогаш не ја испушти предноста за да дојде до победата.

Германците во вториот дел имаа комплетна контрола на мечот, неколкупати ја зголемија предноста од првиот дел од три на четири гола, а во завршницата кога Барселона ја преполови негативата, направи серија од 7-1 и предноста од 26-24 ја претвори во најубедливи плус осум 33-25, па во финишот Катлонците само успеаа да се изборат да избегнат дебакл.

Омар Инги Магнусен даде седум гола, а вебер додаде пет во победничкиот тим, додека Дика Мем погоди десетпати за Барса, ама неговиот настап беше залуден. Абало погоди седумпати.