Лондонски Челси забележа само реми на гостувањето кај Зенит со резултат 3-3,  а Јувентус беше подобар од Малме на свој терен со 1-0 во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Вистинска драма се одвиваше во самата завршница од мечот помеѓу Зенит и Челси, а најпрво гостите преку Вернер уште во втората минута поведоа со 0-1, но Клаудињо во 38, односно Азмуин во 41 минута донесоа пресврт за домаќините.

Во второто полувреме Лукаку во 62 минута погоди за 2-2, за во 85 минута Вернер со својот втор гол на мечот да донесе одново предност за „Сините“ од Лондон, кои испуштија победа во самиот финиш од средбата по голот на Оздоев.

Јувентус пак, го искористи киксот на Челси и со минималната победа над Малме со 1-0 на свој терен го освои првото место во оваа група, а голот за победа на „Старата дама“ го постигна Кин во 18 минута.

На табелата во конкуренцијата „Х“, како првопласиран во нокаут фазата ќе прогресира Јувентус со 15 бода, а Челси од второто место со освоени 13 бодови. Зенит со пет бода од третото место продолжува во нокаут рундата од Лига Европа.