Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед одново се спаси во меч од ЛШ против Аталанта.

Овој пат Јунајтед не победи, туку освои само бод, благодарение повторно на Роналдо кој во судиското надополнување донесе израмнување 2:2. Аталанта имаше водство, имаше и шанси да поведе и 3:1, и на крајот беше казнета.

Иличиќ донесе водство за Аталанта во 12. минута, а Јунајтед успеа да израмни преку Роаналдо во првата минута од продолжението. Меѓутоа слабата игра во одбрана на Јунајтед повторно ја користи Аталанта, и преку Дуван Запата доаѓа во водство. Иако блиску до офсајд, сепак, ВАР кажува дека нема недозволена позиција, за нова радост во Бергамо во 56. минута. Сепак, Кристијано Роналдо одново спасител на Јунајтед во 92. минута и конечни 2:2 во Бергамо.

Јувентус одлично го почна мечот со Зенит, и поведе преку Дибала во 11. минута. Ефектен автогол си постигна Бонучи за израмнување и 1:1, резултат кој беше актуелен на полувремето. Во 58. минута досуден пенал за Јуве, кој во гол го претвори Дибала од втор обид, за водство на тимот од Торино. Федерико Киеза во 73. минута донесе и 3:1 за Јувентус, со што веќе беше решено прашањето на победникот. Алваро Мората во 82. минута само го зголеми водството од 4-1, а Алмун намали на 4:2 што беше конечен резултат.

Со голот на Капу , Виљареал имаше предност по првиот дел над Јанг Бојс. Точка на победата беше ставена во 89. минута со голот на Данјума кога домашните дојдоа до конечни 2:0.

Севиља по 15 минути игра имаше водство над Лил со голот на Окампос. Дејвил од пенал успеа да израмни во 43. минута, за Иконе да донесе водство на гостите во 51. минута, резултат со кој се заврши мечот.

Долго време Динамо Киев се „држеше“ против Барселона, за да „пукне“ нивната одбрана во 70 минута кога Ансу Фати ја донесе Барса во водство, и на крајот конечен триумф за „Каталонците“.