Денеска во Нион (Швајцарија) се одржа нова жрепка за осминафиналните парови во Лигата на шампионите во чија фаза ќе следува вистинската борба на патот кон Ст. Петербург каде што ќе биде финалето за титулата.

Жрепката се повтори поради технички проблем со софтверот на надворешен добавувач на услуги кој им дава инструкции на официјалните лица кои тимови имаат право да играат меѓу себе.

Како што е веќе познато, пред жрепката во групата на носители беа Ајакс, Баерн, Јувентус, Ливерпул, Лил, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. А во групата на неносители Атлетико Мадрид, Бенфика, Челси, Интер, ПСЖ, Салцбург, Спортинг и Виљареал.

Сега добивме нешто повеќе интересни дуели во новата жрепка, Атлетико Мадрид го доби Манчестер јунајтед, Интер ќе се соочи со Ливерпул, а ПСЖ за ривал го има Реал Мадрид во можеби најинтересната пресметка од сите осминафинални.

Првите натпревари ќе се одиграат на 15/16/22/23 февруари, а реванш средбите на 8/9/15/16 март 2022 година.

Лига на шампиони (2021/2022)

Осминафинале, двојки –

Салцбург – Баерн Минхен
Спортинг – Манчестер сити
Бенфика – Ајакс
Челси – Лил

Атлетико Мадрид – Манчестер јунајтед
Виљареал – Јувентус
Интер – Ливерпул
ПСЖ – Реал Мадрид