Баерн Минхен ги победи Каталонците со 3-0, за да  овозможи на Бенфика пласман во осминафиналето откако португалскиот тим со брзи два гола во првото полувреме ја реши домашната задача со Динамо Киев за триумфот со 2-0.

Баерн уште во првиот дел со головите на Томас Милер и Лирој Сане решија сѐ, а Џамал Мусиала по еден час игра додаде и трет за убедливиот триумф. Бенфика, пак, за половина полувреме си ја заврши работата, откако Јаремчук и Жилберто дадоа два гола во шест минути од 16-та до 22-та минута.

Севиља требаше да победи во Салцбург во директната пресметка со австриските „бикови“ за место во осминафиналето, но Ноа Окафор со гол на асистенција на Карим Адејеми пет минути по стартот на вториот дел ги шокира Андализијците, па Жоан Џордан за осум минути им ја олесни работата со два жолти картони за да ја остави Севилја до десетмина.

Лил го растури Волфсбург со 3-1 на гости за да го освои првото место во највозбудливата група сезонава во ЛШ, со по еден гол на Гурак Јилмаз, Џонатан Дејвид и Ангел Гомез.

Манчестер јунајтед ремизираше 1-1 со Јанг Бојс во меч кој не значеше ништо зашто „црвените ѓаволи“ го освоија првото место во групата уште во минатата рунда.