Не е лесно да си леворак. Постојано те гледаат чудно додека пишуваш, а да не зборуваме за тоа колку ни е тешко да се справуваме со ножици и останати чуда кои се направени за луѓе кои ја користат својата десна рака.

Левучарите се вистинска реткост. Само 10% од светската популација се левучари. Но, во тие 10% влегуваат и некои од најпознатите луѓе во историјата на светот како: Барак Обама, Бил Гејтс, Леонардо Да Винчи, итн. И затоа многумина се прашуваат кои се придобивките од тоа човек да е леворак, а науката пронашла неколку работи кои ги покажуваат придобивките.

Левораките луѓе се покреативни

Левучарството е поврзано со процесите на размислување кои ги истражуваат можните решенија и генерираат креаитвни идеи врз основа на веќе постоечки информации. Голема е веројатноста левораките луѓе да имаат поразвиена десна хемисфера од мозокот, а таа страна обично е поврзана со креативноста.

Левораките луѓе најчесто се подобри спортисти

Едно истражување во 2017 година покажало дека левораките мажи и жени најчесто се сретнуваат во спортови како бејзбол, пинг-понг, крикет и други игри каде што играчите мора да реагираат многу бргу.

Левораките луѓе подобро се справуваат со предизвици

Едно истражување покажало дека левораките луѓе имаат подобра умствена флексибилност која може да им помогне полесно да се прилагодуваат и полесно да се справуваат со предизвиците.

Левораките луѓе размислуваат поинаку

Науката вели дека информациите кај левичарите лесно преминуваат од една во друга мозочна хемисфера, а тоа влијае до создавање на уникатни идеи и решенија на проблеми.

Да си леворак може да значи и да имаш здравствени придобивки

Според истражување направено на над милион луѓе, многу помал процент на левучари имале проблем со артритис и чирови.