Лукот не е само совршена зачинска билка туку и вистинска ризница за здравјето. Иако содржи само незначителна количина на витамин Ц, неколку милиграми витамин А, малку калиум, железо, цинк, бакар, кобалт… оваа лековита намирнициа е најсилниот природен антибиотик бидејќи во својот состав има и многи важни микроелементи, алицин, алин, алилцистеин и ахоин, кои му даваат исклучителна моќ.

Во зависност од тоа дали се консумира во свеж или обработен облик, има различно делување.

Свежиот е поефикасен против бактериите, вирусите, габите и паразитите, додека термички обработениот или зготвениот ја ослободува состојката ахоин, па е делотворен против тромбоза, инфаркт, шлог и тромбоемболија. За заштита на срцето и крвните садови, исто така предност му се дава на зготвениот лук, додека за превентива од карцином се препорачува свежиот.

Истражувањата покажаа дека мирисот на лукот во мајчиното млеко го привлекува бебето, поради што тоа подолго цица. Затоа на мајките кои сакаат да го подобрат нивниот апетит им се препорачува да изедат чешне до две лук еден час пред доењето.