Белорускиот лидер Александар Лукашенко рече дека очекува Русија многу брзо да распореди Орешник, нејзината нова балистичка ракета со среден дострел, во неговата земја.

„Ќе го добиеме Орешник во следните неколку дена“, рече Лукашенко на прес-конференција.

Тој рече дека е постигнат договор со рускиот претседател Владимир Путин за испорака на хиперсонична ракета во Белорусија пред таа да биде распоредена во Русија.

Лукашенко рече дека Белорусија ги сака ракетите на нејзина почва за да се заштити од новите американски ракети со среден дострел распоредени во Европа.

Москва веднаш не ги потврди наводите на Лукашенко.

Русија лани во ноември истрела ракета Орешник врз украинскиот индустриски град Днипро.

Еден месец подоцна, Путин тврдеше дека западните одбранбени системи не можат да го пресретнат Орешник. Тој исто така рече дека може да погоди цели во Западна Европа.

Западните воени аналитичари велат дека Орешник може да носи нуклеарни боеви глави.

Текстот Лукашенко: Се договоривме со Путин, Орешник ќе го добиеме во следните неколку дена е превземен од МАКФАКС.