Менаџерот на Челси, Томас Тухел не го стави во комбинација Ромелу Лукаку во составот за дербито со Ливерпул, што денес ќе се игра на „Стемфорд Бриџ“ во рамки од редовното коло на Премиерлигата.

Белгиецот е казнет поради контроверзното интервју за „Скајспортс“ во кое јавно искажа незадоволство од системот на игра на Тухел и дека не е среќен во клубот по трансферот од Интер изминатото лето за 115 милиони евра.

Германскиот стратег беше тотално изненаден од зборовите на Лукаку, кој не покажувал знаци дека е несреќен на тренинзите и најави дека ќе разговара со фудбалерот.