Неколкумина фудбалери и членови на клупскиот персонал на Манчестер Јунјатед се заразени сo коронавирус, објави премиерлигашот.

Клубот наведе дека сите заразени се испратени во изолација, а за целата ситуација е известено раководството на Премиер лигата.

Остатокот од екипата во неделата тренираше индивидуално. Јунајтед во саботата го победи Норич со 1-0, а сите во екипата кои патуваа на тој гостински натпревар беа негативни на тестирањата. Манчестер Јунјатед во вторник го очекува премиерлигашки натпревар против Брентфорд. (МИА)