Триесет и двегодишно лице од Скопје е најмладиот пациент починат поради компликации предизвикани од Ковид-19 во изминатото деноноќие.

Како што соопштија од Министерството за здарвство, починатиот пациент е еден од петтемина скопјани во бројката од 12 починати пациенти во последните 24 часа. Покрај него, починати се и пациенти од Скопје на 70, 70, 87 и 88-годишна возраст, како и две лица од Куманово на 75 и 86 годишна-возраст и по едно починато лице од Велес (64 години), Крива Паланка (69 години), Струмица (63 години), Кочани (87 години) и Тетово (85 години). Сите од нив се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 25.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово (1), Битола (1) и Пробиштип (1) на возраст од 73 до 81 години, од кои едно е починато во болнички услови, а три се починати во домашни услови.

Во последните 24 часа направени се 3.029 тестирања, а регистрирани се 550 нови случаи на Кoвид-19.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.