Лимонот, сосема оправдано, може да ја понесе титулата супер намирница. Овој кисел плод вообичаено се консумира со чај во текот на зимските месеци како извор на витамин Ц и во текот на летото за освежувачка лимонада.

Еве како можете да го искористите лимонот:

1. Го чисти организмот

Чаша топла вода помешана со сок од лимон, наутро на празен желудник, делува како голем чистач на вашето тело. Лимонот е диуретик кој ги исфрла токсините од телото и го зајакнува имунолошкиот систем.

2. Против стареење

Водата во комбинација со сок од лимон го намалува производството на слободни радикали кои што се одговорни за стареење и оштетување на кожата. Пијте вода со лимон, бидејќи содржи антиоксиданси кои ќе ви помогнат за да го задржите младешкиот изглед.

3. Ги одржува јаболката свежи

Излупете ги и исецкајте на кришки јаболката и посипете ги со лимонов сок. Сокот од лимон ќе ги одржи јаболките свежи и ќе спречи да станат кафени.

4. Освежувач

Лимонот е совршена природна состојка со која што може да го освежите домот. Промешајте сок од лимон, рузмарин и ванила и ќе добиете совршен освежувач за вашиот дом.

5. Го подобрува процесот на варење

Сокот од лимон има слична структура како и желудечната киселина. Освен тоа, сокот од лимон помага во поттикнувањето на ослободување на желудечните сокови. Сето ова влијае на варењето и помага против надуеност.