Објавен е трејлерот за новиот филм на Дизни Chip ‘n Dale: Rescue Rangers. Вклучува познати ликови од цртаните филмови, а најголемо внимание привлече ликот на Петар Пан, кој е прикажан како возрасен во новиот филм.

Петар Пан повеќе не е дете на слободниот дух што го паметиме.

Неговиот лик во рестартирањето на Chip ‘n Dale, цртан филм од доцните 80-ти, е претставен како уморен, намќорен средовечен човек. Гласот ќе му го даде Вил Арнет.

Ликот на Петар Пан предизвика многу коментари на социјалните мрежи. Многумина пишуваат дека не очекувале вечното момче да изгледа вака.

„Петар Пан порасна во морничав старец. Ова е само тажно“, „Ако ја знаете оригиналната приказна, ќе разберете зошто мислам дека ова е големо непочитување“, „Петар Пан требаше да остане момче засекогаш Која е поентата на ова?“, „Ова е патетично“, се само дел од коментарите на Твитер.

Петар Пан не е единствениот цртан лик што се појавува во најновото достигнување на Дизни.

Гледачите може да ги видат и Флондер од Малата сирена и Скруџ МекДак во трејлерот.