По натпреварите од 4. коло од групната фаза во Лига Европа, екипите на Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први обезбедија „европска пролет“.

Францускиот тим го обезбеди првото место во групата А и директен пласман во осминафиналето, додека групната фаза ја минаа и Вест Хем и Ајнтрахт, но последните две кола ќе одлучат за нивните позиции на табелата.

Лион е единствениот клуб во Лига Европа со максимален ефект по воведните четири кола.

Во Лигата на шампиони, четири победи во првите четири кола забележаа Ливерпул, Баерн Минхен, Ајакс и Јувентус, додека во Конференциската лига ниту еден клуб нема максимален ефект.