Англискиот фудбалски тим Ливерпул го потврди комплетирањето на договорот со колумбиската ѕвезда на Порто, Луис Дијаз.

Според „Дејли мирор“, тимот на Јирген Клоп заврши одлична работа со трансферот од 50-тина милиони фунти, откако Порто бараше 83 милиони фунти.

Ливерпул ќе платат 37.5 милиони фунти веднаш, и одредени бонуси до 12.5 милиони фунти.