Англискиот фудбалски гигант Ливерпул одигра уште една моќна партија во Премиерлигата, овојпат жртва беше тимот на Саутемптон.

Ливерпул во втората минута поведе кога по асистенција од Робертсон, Жота погоди за водство на Ливерпул од 1-0.

Во 32. минута нов гол на Жота, напаѓачот овојпат погоди по асистенција од Салах.Само пет минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Тијаго Алкантара кој зголеми на 3-0, веќе беше јасно кој ќе го добие овој меч.

По седум минути игра во второто полувреме, Ван Дајк постигна гол и ги постави конечните 4-0.

Стивен Џерард во својот втор меч како тренер на Астон Вила ја забележа и втората победа, овојпат на гостински терен кај Кристал Палас со 2-1.

Таргет во 15. минута донесе водство од 1-0 за Вила, а Мекгин во 86. минута зголеми на 2-0.

Кристал Палас во 95. минута успеа преку Гуеи само да постигне почесен гол.

Немаше голови на мечот меѓу Норич и Вулвс.