Високи либански официјални лица соопштија дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен набргу откако се согласил на привремен прекин на огнот со Израел. Примирје од 21 ден беше предложено од САД, Франција и другите сојузници.

„Тие ни рекоа дека г-дин Нетанјаху се согласил на тоа и така ние исто така добивме согласност од Хезболах за тоа и знаете што се случи оттогаш“, изјави либанскиот министер за надворешни работи Абдалах Бу Хабиб за Си-Ен-Ен.

„Хезболах ја потпиша оваа заедничка изјава што беше објавена во која се повикува на 21-дневен прекин на огнот и веднаш откако почна да бара дипломатско решение според резолуцијата на Советот за безбедност“, изјави амбасадорот Рами Мортада за Би-Би-Си.

„Бевме на вистинскиот пат обидувајќи се да зборуваме за дипломатска алтернатива на сегашниот ќорсокак, но вжештените глави во Израел избраа поинаков пат“, додава тој, пренесува медиумот.

Текстот Либанскиот министер: Лидерот на Хезболах се согласи на прекин на огнот, после тоа бил убиен е превземен од МАКФАКС.