Голема трагедија се случи во Австрија, каде загина легендарниот словенечки сноубордер Марко Грлиќ (38), поранешен младински светски првак, снимајќи една реклама во ски-центарот Селден.

Како што објавија словенечките медиуми, Грлиќ снимал еден тежок спуст, по што пропаднал во длабок снег во еден момент и удрил во карпа, која не се гледала од големата снежна покривка. Бидејќи не носел заштитна кацига, уште повеќе настрадал.

Сноубордерот експресно бил префрлен во болница, а лекарите се обиделе да го реанимираат, но сето тоа залудно.

Словенецот беше еден од најуспешните сноубордери, четири пати беше јуниорски светски првак, беше и втор во Светскиот куп, а освојуваше медали на Икс-игрите, по што се повлече и се посвети на промоција на овој спорт.