Еден од најдобрите шутери во НБА лигата, Демијан Лилард, откри дека Леброн Џејмс му посочил дека треба да си замине од овој клуб доколку сака да победува.

-Леброн ме праша како се чувствувам во моментов и во ситуацијата во која се наоѓам, а јас му одговорив дека сакам да сум во позиција да победувам и да освојувам. Тој ми кажа дека можеби ќе бидам во таква позиција се додека не го напуштам мојот сегашен клуб Портланд. Не ми кажа директно дека треба да одам во Лос Анџелес Лејкерс, изјави Лилард.
Лилард последните девет години е дел од Портланд и нема друг клуб во НБА-кариерата.