Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека претседателот на Украина, Владимир Зеленски, лажел кога рекол дека е подготвен за преговори за неутрален статус на Украина.

Зеленски, како што рече, ја потрошил можноста да го реши проблемот во државата, па нема потреба сопствената вина да ја префрла на друг.

Лавров, исто така, посочи дека Русија ќе изврши демилитаризација на Украина,

„Русија ќе обезбеди демилитаризација и денацификација на Украина. „Ние многу страдавме од нацизмот, украинскиот народ страдаше од нацизмот премногу долго за да продолжи да го гледа лесно“, рече тој.

Прикажи повеќе