Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја коментираше ситуацијата во клубот и заминувањето на тренерот Роналд Куман.

Во средата вечер после поразот од Рајо Валекано, раководството на Барселона одлучи да му врачи отказ на Роналд Куман.

„Состојбата стана неподнослива и реживме, дека ако не преземеме мерки, додатно ќе ги намалиме шансите да се бориме за трофеи“, изјави Лапорта.

„Можеби требаше да го ослободиме Куман порано, но мислевме дека заслужува да добие повеќе време и поголема доверба. Јас ја преземам одговорноста за тоа“, додаде Лапорта.