Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, на презентацијата на враќањето на Дани Алвеш изјави дека еден ден може да се вратат и Лионел Меси и Андрес Иниеста.

– Ништо не исклучувам. Ова и се случи на Дани, кој и самиот веќе кажа дека годините се само бројка. Покрај тоа, тој даде се од себе кога се во прашање финансиите. Лео и Андрес се двајца извонредни фудбалери. Не можам да предвидам што ќе се случи утре, и двајцата продолжуваат да играат. Секогаш ќе внимаваме на нив, но во моментов тие се обврзани со договори со други клубови. Не можете да предвидите ништо во животот, рече Лапорта.

Барселона се наоѓа во една од најтешките финансиски и резултатски кризи во последните десет години.

Во Шпанското првенство, каталонскиот клуб се наоѓа на 9. место со 17 бода по 12 одиграни натпревари.