Раководството на Евертон размислува за неколку кандидати за местото главен тренер на тимот.

Клубот од Ливерпул денес му врачи отказ на Рафаел Бенитез. „Карамелите“ победија на само еден од последните 15 натпревари во Премиер лигата.

Според „Скај спортс“, во потесниот круг на Евертон се поранешниот менаџер на Челзи, Френк Лампард, менаџерот на Дерби Каунти, Вејн Руни, Греам Потер од Брајтон, белгискиот селектор Роберто Мартинез и поранешниот тренер на Лион. Можно е и Данкан Фергусон да го преземе тимот до крајот на сезоната.

Евертон е 16-ти во Премиер лигата со 19 бодови од 19 натпревари.