Македонскиот ракометен селектор Кирил Лазаров, во интервју за хрватски „Индекс“ зборуваше за настапот на Македонија на Европското првенство (ЕП) во ракомет, истовремено и за регуларноста на истото поради ситуацијата со коронавирусот.

„Ние исто како и Хрватска тргнавме во процес на подмладување. Имавме позитивни пред тргнувањето на Европското првенство, а поради повреди останавме без тројца важни ракометари. Така бевме натерани, сакале ние или не, да играме со децата. Имав шест играчи од по 20 години во составот, а сепак до 59. минута бевме во егал со Словенија и Црна Гора. Сепак, не вреди да плачеме, во денешно време секој ситуацијата ја толкува на различен начин, онака како што му одговара и според тоа каде го гледа својот интерес. Најважно е да не ја загубиме главата во овој хаос, мораме да ја прифатиме ситуацијата и да гледаме кон напред. Сите репрезентации со исклучок на Данска имаа многу проблеми во различни моменти од шампионатот, затоа мислам дека ова првенство е чудно и нерегуларно“, изјави Лазаров.