Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави скратениот список за квалификациските натпревари против Луксембург и Турција во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Advertisements

Во составот се врати Филип Талески, а исто така тука е и Гоце Георгиевски. Дуото на Вардар 1961 не беше на располагање на претходната средба.

Од останатите ракометари, имињата кои се на списокот играа и претходно. Првиот собир на Македонија е на 23 април (недела) во 16:00 часот во хотелот „Александар Палас“.

Прикажи повеќе